Соопштение за јавност
Младите со својот ангажман, критичко мислење, став и стремеж за постојани промени кон подобро покажаа дека се вистинските посветени борци за подобра иднина, докажаа дека се движечка сила и на СДСМ и на нашата држава, порача денеска потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во своето обраќање на Летниот камп на Социјалдемократската младина којшто се одржува во Охрид.
-Процесот на враќање на слободата и демократијата во земјава после 11 годишното пустошење на режимот немаше да биде возможно без ангажманот на младите. Младите со својот ангажман, критичко мислење, став и стремеж за постојани промени кон подобро и во изминативе години покажаа дека се вистинските посветени борци за подобра иднина, докажаа дека се движечка сила и на СДСМ и на нашата држава, рече Богоев.
Социјалдемократската идеологија со своите прогресивни вредности за меѓусебно почитување, солидарност, еднаквост и социјална правда се столбот за едно напредно, демократско општество кое ги почитува човековите права и го оди патот кон Европската унија. Тие социјалдемократски вредности се силно вградени во темелите на европските вредности. Затоа токму СДСМ со својот државнички капацитет е предводник на европскиот напредок и го трасира европскиот пат на земјата. Ние сме Европа и нашето место е во Европа., додаде Богоев.
Потпретседателот на СДСМ кажа дека придобивките од членството во Европската унија се пред се за младите.
-Подобар стандард и добро платени работни места, подобро образование, подобро здравство, судство, поефикасни институции и фер шанса за младите се само дел од придобивките од членството во Унијата. Младите ќе имаат пристап до фондови за образование, надградба, размени, проекти, младински политики, за остварување на нивниот сон. Тоа значи ЕУ, додаде Богоев.
СДММ е вистинското место за изградба на квалитетни кадри, таму е вистинската дружба и вистинските пријателства, а така се градат лојални соработници. Затоа што подмладоци има многу, но само една е младина, рече потпретседателот Стефан Богоев.