fbpx

Маричиќ: ДПМНЕ има случаи за нелегално финансирање и седиште под судска забрана, не изразија ниту жалење за сторените злодела

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Имавме 11 години кога со државата владееја криминалци. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто има два случаи за нелегално финансирање на партијата и чиешто седиште е под судска забрана. При тоа да не заборавиме дека дел од тогашното водство, сеуште се во ВМРО-ДПМНЕ, дел на позиции во Собранието и на ред други места, не може ВМРО-ДПМНЕ така едноставно само со реторика да се ослободи од тој товар, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг“.

Маричиќ нагласи дека при тоа, никогаш во изминатите 7 години, ако не претходно, ДПМНЕ не изразија жалење во најмала рака, еве ако не извинување, жалење за сите тие сторени злодела.

Јас не сакам поединечни случаи да коментирам навистина, не е ни коректно. Но битката за ослободување на државава, од коруптивен начин на владеење е битка на целото општество, на целата држава и на сите политички партии, рече Маричиќ, додавајќи дека впечатокот е дека на ВМРО-ДПМНЕ не му пречат прекршителите на законот што доаѓаат од нивната влада, туку им сметаат само потенцијални прекршители на законот од другите партии.

Мислам дека им недостасува искреност во реториката на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа граѓаните го препознаваат. Ние се бориме да изградиме систем во којшто, кој и да е од која партија, ќе одговара доколку го прекрши законот без разлика како се вика и од која партија доаѓа, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Последни вести