fbpx

Маричиќ: Теренот за ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени е расчистен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг“ истакна дека комплетниот терен за ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени е расчистен.

Немаат веќе никаква причина, никакво објаснување да не дадат поддршка затоашто обезбедивме, не само ние туку и Европската Унија со своите структури и тоа јасна и прецизна позиција од Бугарија и од другите држави членки на ЕУ дека нема други услови за продолжување на преговорите и отварање на поглавјето, дека ова е главниот и единствен услов, дека нашиот јазик и идентитет се заштитени и гарантирани од најголеми поддржувачи во Европската Унија и дека преговарачкиот процес не може да го загрози нашиот идентитет и македонскиот јазик, нагласи Маричиќ.

Маричиќ истакна дека на секој што сака да разбере и да следи, дека основните тези на коишто се базира нивното противање да гласаат за уставните измени немаат основа, кореалност и немаат реална поткрепа и нагласи дека со решавање и со гласање на уствните измени се отвара патот за реално членство во Европската Унија во наредните години.

Ние со Бугарија веќе се договоривме. Значи нема потреба повторно да преговараме, само треба да го исполниме ова што е пред нас, да ги внесеме Бугарите како и сите други што сме ги внеле до сега во уставот. Како што сите други што сакаме да ги внесеме во уставот и да продолжиме понатаму, нагласи Маричиќ, додавајќи дека и понатаму се разговара со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ официјално и со сите пратеници.

Тоа е наша обврска. Тоа не е никаков притисок ниту не знам како и да се нарекува. Дали ќе успееме, тоа зависи и од одговорноста на секој пратеник во Собранието. Јас мислам дека ќе успееме затоа што не можам да замислам ситуација во којашто самите ќе си се блокираме, самите ќе си се одделиме од пакетот со Албанија, Србија и Црна Гора како држави кои преговараат и ќе се ставиме во категоријата со Косово и Босна и Херцеговина, нагласи Маричиќ.

Најдобрата битка за нашите интереси е да бидеме во Европската Унија, а не да бидеме во чекалната или да се фрустрираме заради тоа што Бугарија е а ние не сме. Тоа е искуството на Хрватска, тоа е искуството на Словенија, тоа е искуството на сите. Дека најдобро се бранат интересите кога сме во ЕУ, истакна Маричиќ, додавајќи дека преку преговарачкиот процес, ќе може многу наши интереси да се заштитат и во однос на економијата, производите, земјоделието, виното и така натаму, но и во однос на овие идентитетски прашања затоашто нашиот идентитет може да биде негуван само како дел од тој мозаик на Европската Унија.

Тој рече дека се уште е рано да се каже за конкретен исход на гласањето но се прави се за обезбедување на потребната поддршка, не заради нас, не заради било кој политичар, туку за иднината на државата.

За 15 години од сега, за 10 години од сега, ќе бидеме прашани сите ние што седиме денес во политиката, што направивте вие за да ние изгубиме 10 години за да државава наша Северна Македонија оди напред, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг“.

Последни вести