fbpx

ВМРО-ДПМНЕ наместо да глуми загриженост, нека учи како се спроведуваат политики во интерес на земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да глуми загриженост за земјоделците откако го уништи земјоделство со своите погубни политики за време на 11 годишното криминално владеење.

Токму поради таквите политики земјоделството имаше негативен тренд на учество во БДП во последните два квартали од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, благодарение на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, земјоделството излегува од таквата негативна состојба, што се должи на зголеменото производство и зголемувањето на обработливи површини.

Според официјалните податоци ако во 2017 година вкупно се обработувале 226.117 хектари, во 2018 вкупно се пријавени 229.414 хектари или околу 3.000 хектари повеќе во однос на претходната година.

Во овоштарството во 2018 година, површините се зголемени за 5,8 отсто во однос на 2017 година, додека во градинарството има зголемување на површините со индустриска и конзумна пиперка од 40 отсто.

Евидентен е и растот на земјоделско производство. Приносите од пченица во 2018 се зголемени за 28.000 тони споредено со 2017, кај јачменот има раст од 42.000 тони.

Поради зголемените субвенции забележан е раст на производството на тутун во висина од 9 отсто, додека  површините се зголемени за 3 отсто.

Ова се само дел од официјалните податоци што ја покажуваат успешноста на политиките и грижата за земјоделците.

Наместо да глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ да учи како се работи одговорно и домаќински во развој и унапредување на земјоделството.

 

Скопје,11.03.2019                                        

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести