fbpx

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ веќе поддржа Закон што заштитува од дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицковски се наоѓа во сериозна конфузија околу тоа што како политика поддржува, а што не.

Последен пример за тоа е соопштението со изнесени дилеми во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека пратеничката група и Христијан Мицковски веќе поддржаа Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој беше усвоен амандман за спречување на дискриминаторска содржина по основ на сексуална ориентација и родов идентитет, за што сведочат и листинзите од гласањето на тој закон на седница одржана на 28.12.2018 година. Нејасно е како сега се појави дилема кај Христијан Мицковски за тоа што е родов идентитет, при тоа веќе еднаш поддржан закон во Собранието со истата содржина?

Што се однесува до дефиницијата за брак, бракот се дефинира во Законот за семејство.

Дополнително ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ во поглед на барањето за изјаснување на верските заедници по однос на овој или било кој друг закон дека Република Северна Македонија е секуларна држава.

Се надеваме дека личната конфузија на Христијан Мицковски и малата група негови поддржувачи околу тоа кои политики ги поддржуваат, а кои не, ќе се надмине и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Скопје,01.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести