Комисијата за Образование и Наука на СДСМ
Комисијата за образование и наука: Се работи на насоки и упатства се со цел да се надминат дилемите и недоразбирањата околу концепцијата односно реформите во основното образование
Комисијата за образование и наука на Социјалдемократскиот сојуз во текот на месец Јули и почеток на месец Август е во постојана координација и работа со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Во пресрет на новата учебна година комисијата заедно со институциите работи на подготовка на насоки и упатствата за наставниците во основните училишта во државата.
Во фокус на новиот состав на комисијата, како што беше истакнато на настанот кој го одбележа почетокот на нејзината работа, се многубројни прашања од кои се издвојува концепцијата за основното образование. Во таа насока комисијата се координира со засегнати страни, дава препораки и мислења и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата.
И покрај бројните критики за новите реформи во основното образование комисијата истакнува дека секоја реформа носи свои предизвици кои побаруваат соработка помеѓу институциите, основните училишта и наставниците. Новата реформа наречена концепција се стреми да ги надмине недостатоците на основното образование што се констатирани од страна на домашни и меѓународни истражување и потврдени со исклучително слабите резултатите од учениците од меѓународните тестирања.
Нашата држава треба да се стреми кон креирање на образовен систем кои се фокусира на интересите и потребите на учениците со што се обезбедуваат услови учениците да го доживуваат училиштето како средина за учење, да го истакнат и покажат својот потенцијал, да се насочат кон своите интереси и да учествуваат во општествено-хуманиратни активности.