fbpx

ДПМНЕ е за изолација, СДСМ за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На политичката сцена во земјата има два спротивни концепти – на ДПМНЕ, кој е за изолација и на СДСМ, кој е за членство во ЕУ.

Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување.

Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле се најсилен показател.

Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%.

Ако СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.

Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.

ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту аргументи зошто сака да блокира подобар животен стандард на граѓаните.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Државата да продолжи по европскиот пат.

Последни вести