Соопштение за јавност
ДПМНЕ изминатите денови пласира целосни лаги и невистини за набавката на софтверски лиценци од реноминаран производител, преку законска постапка, за потребите на државните институции.
Опозицијата смета дека лиценцирањето на софтверот на органите и институциите во склоп на Владата е непотребно, односно ДПМНЕ смета дека е сосема во ред во државните институции да се употребува пиратски софтвер.
Веројатно не знаат дека според Законот за интелектуална сопственост, секој корисник на софтвер,е обврзан да користи лиценциран софтвер, а доколку користи нелиценциран, односно пиратски софтвер, одговара кривично.
Очигледно Мицкоски смета, дека ние треба да сме единствената држава, за која е оправдано да “краде” софтвери, да не ги лиценцира и да го става под ризик целокупното функционриање на владините органи и институции.
Дали според ДПМНЕ користењето на пиратски софтвер е подобро од користењето на уредно лиценциран софтвер? Дали од ДПМНЕ на своите компјутери, имаат инсталиран пиратски софтвер?
Ако е така – значи вршат криминал. Доколку не – значи го поддржуваат користењето на лиценциран софтвер, но лицемерно, со цел за да извлечат евтини дневно-политички поени пласираат друг став во јавноста.
Или можеби спротивставувањето на ДПМНЕ на ова лиценцирање, што се врши од американска компанија крие подлабоки корени, кои укажуваат дека нивните ставови се диктирани од туѓи интереси?