Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24 истакна дека во моментов во процесот на евроинтеграција ситуацијата е јасна и треба да се искористат можностите што се нудат.
Факитчката состојба е дека имаме отворена покана од ЕУ, цврста поддршка, можност со другите држави од Западен Балкан брзо станеме членка на ЕУ, нагласи Коциќ, додавајќи дека блокирањето од страна ДПМНЕ значи останување во група со БиХ и Косово и оди во прилог на силите во Софија, кои не сакаат Македонија да биде членка на ЕУ.
Коциќ истакна дека сите од ЕУ, кои дојдоа во Собранието кажуваат дека имаме целосна поддршка по оваа преговарачка рамка.
Нова преговарачка рамка без согласност на сите 27 членки на ЕУ не е возможна, нелогични се тврдењата на ДПМНЕ дека идат нови ветришта ДПМНЕ вели дека имаме време 10- 20 -30 години, но тоа не е релна политика, тоа е сулуда идеја и губење време, но овој народ нема време за чекање, нагласи Коциќ, додавајќи дека ДПМНЕ ќе најде милион причини да ја блокира сопствената држава на патот кон ЕУ.
Рабоитме за интересите за својот народ и држава, за реализација на стратешката цел за членство во ЕУ, влезот во ЕУ треба да биде тимска игра, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.