Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија со конкретни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните.
Новата мерка за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.
Намалени се цените на стотици прегранбени производи во 25 категории кои граѓаните најчесто ги користат.
По пониски цени во маркетите се продаваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други.
Тие имаат „гарантирана цена“, која е за 10 проценти пониска од нивата цена на 1 август годинава.
СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните, ги зголемува платите и пензиите и ги враќа парите назад кон граѓаните.