fbpx

Со „гарантирана цена“ и пониски маржи СДСМ го штити стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ со реализација на мерките за намалување на цените на прехранбените производи, го штити стандардот на народот.

Со мерката „гарантирана цена“ веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10%.

Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.

Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите СДСМ продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард.

Последни вести