Соопштение за јавност
Поголеми плати и пензии, повеќе средства за земјоделски субвенции, за здравството и образованието се обезбедуваат со новата буџетска распределба, предложена од Владата предводена од СДСМ.
Обезбедуваме дополнителни 4,25 милијарди денари за раст на платите во јавниот сектор и за исплата на К-15.
За усогласување на платите со порастот на минималната плата во текот на 2023 година предвидени се 480 милиони денари.
Се обезбедуваат и дополнителни 3,5 милијарди денари за 336 илјади пензионери за пораст на пензиите за околу шест отсто, почнувајќи од септември годинава.
Кај земјоделски субвенции алоцирани се дополнителни 800 милиони денари наменети за субвенциии за млеко, сточарско производство, дел и авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство.
Планирани се и дополнителни средства за студентски оброк, за ученички и студентски стипендии, како и за набавка на лекот Трикафта, за дигитални сензори за мерење на шеќерна болес
Повеќе средства се планирани за Мој ДДВ, поради покачувањето на лимитот за поврат.
Буџетската распеделба предвидува повеќе средства за државна помош за странските и домашните компании, како и за деветиот пакет антикризни мерки, кој е во подготовка.
СДСМ со распределбата продолжува со вистинска грижа за граѓаните и компаниите.