fbpx

Нова 55MW фотоволтаична електрана – најголема на Балканот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со одговорните политики на СДСМ државата стана пример за енергетска трансформација, со имплементација на зелениот договор се создаваат можности за крупни инвестиции во обновливи избори на енергија.

Започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот, со капацитет од 55 MW, која ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија.

Фотоволтаичната електрана Новаци, инвестиција од 40 милиони евра, на турската компанија „Меј енерџи“, се простира на 57 хектари, на кои се инсталирани 101.000 соларни панели.

ФЕЦ Новаци има огромно значење, поради големиот придонес во производството на домашната енергија, нашата држава нема повеќе да биде енергетски зависна, а воедно придонесува и кон поздрава животна средина.

Изминатиот период станаве предводник во инвестициите во обновливи извори на енергија, од државата создаваме зелен енергетски центар во Европа.

До 2016 година, имаше инсталиран капацитет од не повеќе од 17 мегавати за производство на електрична енергија од сонце, а денес имаме инсталиран капацитет од 393.6 мегавати.

До крајот на годината околу една третина од домаќинствата ќе биде покриена со електрична енергија од домашните фотоволтаични централи.

СДСМ со стратешките политики во енергетиката овозможува на долг рок предвидливост во развојот на економијата и енергетска независност на државата.

Последни вести