Соопштение за јавност
Антиевропската агенда е спротивно на она што значи патриотизам денес, води кон живот надвор, во туѓина, кон Македонија без луѓе а тоа е закана за македонската држава, македонскиот идентите и јазик, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обрќањето на традиционалниот народен собир во манастирот св.Димитрија во Селце, Прилпеско.
-Токму антиевропската агенда води кон живот надвор, во туѓина – води кон Македонија без луѓе. А само тоа значи закана за македонската држава, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. И затоа ќе повторам уште еднаш: антиевропската агенда е антимакедонска агенда, рече Ковачевски.
Секој што со антиевропска агенда се обидува да ја врати земјата во мрачното и мачно минато, мора да го поразиме, и ќе го поразиме, потенцираше Ковачевски додавајќи дека оној што го блокира членството во ЕУ не и мисли добро ниту на земјата ниту на граѓаните.
-Блокада на европскиот пат е блокада за македонскиот идентитет во ЕУ, да биде оставен на страна од европското семејство за утре други да може повторно да го негираат. Блокадата на европскиот пат е блокада на повеќе пари за развој на земјата, блокада на поголеми плати, подобро образование, европски вредности. Затоа ние генерациите на денешнината имаме обврска да се справиме со антиевропската агенда. Да се обединиме околу Европскиот фронт и да се справиме со атиевропската и антимакедонската агенда, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.