Соопштение за јавност
Нашиот пат и иднина е во ЕУ, мораме да направиме се за тоа да го достигнеме и при тоа целата држава, целото општество, сите чинители, сите политички партии треба да направат отстапки на тој пат, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.
Петров нагласи дека добро е што граѓаните не ја губат довербата во ЕУ, туку има поместување за десетина проценти нагоре.
Моделот што го гледавме 11 години на поранешниот премиер Груевски, кој тврдеше дека треба Европа да ја донесеме во Македонија и дека работите сами ќе се средат не функционира. Тоа не се случи и заглавивме на дното по слобода на медиумите, во тотална корупција, заробена држава, стандардот не се покачи, странските инвеститори бегаа, како да бевме зад железна завеса, истакна Петров.
Петров нагласи дека ако ЕУ е интерес на сите, тогаш е и одговорност на сите.
Имаме изјави на сите претставници од ЕУ и САД дека условот е тој и нема тероетски шанси да се промени, Ако условот се уставни измени, треба да одиме напред и да го прифатиме тој услов или да стоиме во место и да размислуваме да видме што потоа ќе правиме, истакна Петров, додавајќи дека е подобро да се влезе во ЕУ со 3.500 Бугари во Уставот, отколку ште 100.000 наши граѓани да извадат бугарски пасоши.