Соопштение за јавност
На половина од мандатот на ДПМНЕ во 40 општини во државата на површина исплива сета неспособност и некадарност на градоначалниците и советите на општините на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
По две години останаа само празни, нереализирани ветувања, а не успеаја да ги спроведат докрај ниту наследените проекти, кои беа во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари.
Градоначалниците на ДПМНЕ половина од мандатот не работеа ништо, освен што ги задолжуваа општините и ги трошеа народните пари на непродуктивни трошоци и партиски вработувања.
Во време на криза, наместо помош, граѓаните од ДПМНЕ добија повисоки сметки за комуналните услуги.
Општините предводени од ДПМНЕ стагнираат, тонат во хаос, безидејност и бесперспективност, локалните власти ги игнорираат потребите на граѓаните.
Наместо пред граѓаните, градоначалниците од ДПМНЕ реферираат пред Мицкоски, нему му даават отчет, наместо пред јавноста.
Уште еднаш се виде како ДПМНЕ ја практицира власта. Преку своите градоначалници докажува дека е непроменета партија, дека не и се битни интересите на граѓаните туку единствено партиските и личните бизнис интереси, битно им е чии раце се во медот.
Градоначалниците од ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните.