Соопштение за јавност
Продолжуваат лагите и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години манипулираше со пензионерите, партијата која заради криминални интереси остави огромна дупка во Буџетот на ПИОМ.
Не е точно дека пензиите ќе се кратат. Вистината е дека тие растат и ќе продолжат да растат согласно растот на трошоците за живот, а законското усогласување на пензиите и во иднина ќе се прави двапати во годината.
Податоците од Државниот завод за статистика ги демантираат проѕирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Просечната пензија во 2016 изнесувала 13 754 денари, а во 2018 изнесува 14 421 денар.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со растот на платите и пензиите и затоа лицемерно лаже и вади бројки од ракав.
Пензионерите да бидат сигурни,пензиите и натаму и ќе растат, а ВМРО-ДПМНЕ да учи што значи вистинска грижа за пенионерите.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Скопје, 26.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА