fbpx

Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица, пред нас е година на економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.

2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата.

Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.

Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата.

 

Скопје,20.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести