fbpx

Антизападниот Мицкоски не го бива ниту за портпарол, не поминува омразата што ја сее, го чека пораз на следните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападниот Мицкоски не го бива ниту за портпарол.

Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема ниту план, но мислеле на методолијата, како што вели тој. Сериозен човек, каков што не е Мицкоски, би се срамел ова да го каже пред граѓаните.

Не поминуваат омразата и поделбите коишто ги шири антизападниот Мицкоски, граѓаните ги отфлија.

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Истовремено, не само што целосно е гарантирана соодветната употреба на македонскиот јазик како прв официјален јазик во Македонија туку сега е и меѓународно признат и ќе се употребува во НАТО и ЕУ. Тоа е вистински патрoитизам, потврден и признаен македонски идентитет и македонски јазик од цел свет.

Мицкоски не успеа да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани.

Македонија оди напред во НАТО и ЕУ како едно општество за сите.

Мицкоски го чека пораз на следните претседателските избори, го чека пораз на било какви избори.

Скопје, 17.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести