Соопштение за јавност
Борбата против загадувањето продолжува секојдневно како на централно, така и на локално ниво. Владата предводена од СДСМ, Град Скопје, општините, ресорното министерство и сите надлежни институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрав животна средина.
По масовните акции за зазеленување со кои само за една календарска година се подигна зелена површина од околу 130.000 квадратни метри, Град Скопје започна со реализација на проектот Зелен Катастар
Со зелениот катастар се добиваат прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и да се спречи целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, како и насоки за подобро планирање на заштитата на постојното зеленило.
Град Скопје веќе заврши голем дел од фазите на овој проект како што се геодетско снимање на зелените површини и дрвјата и парковската инфраструктура. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на град Скопје.
Досега, попишани се над 65 илјади дрва.
Освен подигање на нови зелени површини, Град Скопје големо внимание ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во соработка со Шумарскиот факултет се работи на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.
Се работи и на искористување на изворите на обновлива енергија. Започнато е поставување на фотоволтаични системи за производство на струја од сончева енергија во две средни училишта и зградата на локална самоуправа на Кочани.
Со тоа ќе се намали потрошувачката на електричната енергија и ќе се зголеми искористеноста на обновливите извори на енергија.
Владата предводена од СДСМ, градот Скопје и надлежните институции продолжуваат да работат на обезбедување на квалитетна и здрава животна средина за сите граѓани.
Скопје, 16.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА