fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството, внесе недовреба со паралелниот увоз, а денес со лажни вести се обидува да шири неоснована паника

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години системски го уништуваше здравствениот систем во земјава и ги понижуваше лекарите и пациентите, денес продолжува да шири лажни вести со цел да предизвика неоснована паника меѓу граѓаните.

Епидемијата на морбили што се појави е ставена под контрола. Денес се употребуваат проверени и сигурни вакцини, едни од најдобрите произведени и увезени од Белгија.

Граѓаните се навремено и точно информирани, единстевно врз основа на факти и медицински докази.

Лошото управување со здравството, неквалитетните лекови во земјава што ги внесуваше тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, силно влијаеше на губењете на општата довербата на граѓаните кон здравствениот систем.

Падот на опфатот на имунизацијата е директна последица од загубената доверба на граѓаните кон здравствениот систем.

Со доаѓањето на владата предводена од СДСМ веднаш се смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Нема повеќе неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа.

Пропустите кои ги направи ВМРО ДПМНЕ во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на надлежните здравстени институции.

Владата предводена од СДСМ гради современ, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните.

 

Скопје, 03.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести