Реакција на соопштение на ДПМНЕ
ДПМНЕ од една страна го унакази цело Скопје а од друга страна ја позлати компанијата за која зборува преку тендери во 16 општини управувани од нивни градоначалници.
Од 2021 го 2023 година дури една третина од општините со кои раководи ДПМНЕ на Мицкоски склучиле договор со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на гориво.
Вредноста е над 37.598.044 милиони денари за период од 2021 до 2023 година.
Меѓу нив се и скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров.
ДПМНЕ ли најде да зборува за бизнис фаворизирања? Па што е ова ако не е бизнис фаворизирање?
Нека искочи Мицкоки и нека одговори од Белата Палата кој е бизнис дилот со оваа компанија.
Толку се нечесни во ДПМНЕ, ги товарат фирмите со милиони денари додека устата им е полна со празни зборови.
Советничката грипа на СДСМ во Карпош има јасен став дека не поддржува проекти со огромни висококатници во Тафталиџе и тоа е уште една потврда за лагите кои ги зборува ДПМНЕ.