Соопштение за јавност
Анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица е единствениот кочничар на европската иднина на државата.
И покрај успешниот скрининг и силната поддршка во унијата, не започна процесот на отворање поглавја и тоа поради активната блокада на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание.
Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.
Затоа на овие избори граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат.
Со глас за СДСМ и Европскиот Фронт се обезбедува европска иднина, продолжување по европскиот пат до полноправно членство во ЕУ.
СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе државата во Европската Унија и ќе обезбеди европска иднина, европски стандард и европски вредности.