fbpx

Ковачевски за Фокус: ДПМНЕ не треба да бега од техничка Влада и да бара изговори за поразот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Партијата којашто зборува 3 година само за избори не треба да бара изговори, не треба да бара алиби за поразот, треба да си ги исполнат обврските согласно закон а не да бега, вели во интервју за неделникот „Фокус“, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Прашањето дали ВМРО ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада го гледам од два-три аспекти. Прво, се работи за законско решение кое треба сите партии да го испочитуваат. Второ партијата којашто зборува само за избори сега не треба да бара изговори, да не бара алиби од било каков тип. Трето неодговорно е да фрлаат дамка на целиот изборен процес, односно, не треба да си бараат изговори за поразот. Нив очигледно им е јасно дека не можат да го остварат тоа што го зборуваат по телевизии, вели Ковачевски.

Но она што го знаат и тие, а и целата јавност искуствено, е дека техничка влада за нив не е поволна состојба, затоа што нивните кадри во техничките влади се покажале како исклучително лоши и неефикасни, потенцира Ковачевски

На ова ако се додаде и катастрофално лошата работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ јасно е дека ниту потенцијалот ниту понудата од опозицијата се далеку под потребното ниво, додава тој.

-Или бегаат од избори? Бидејќи некој што 3 години барал избори, треба сега да си ги преземе сите ризици кои ги носи процесот за нив и да си ги исполни обврските согласно Закон. А не да бега, потенцира претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за неделникот Фокус.

Последни вести