Соопштение за јавност
Успеавме да ги вратиме украдените икони од македонските цркви и манастири, дел од нашето културно и духовно наследство. Со почит и заштита на македонското културно богатство се покажува на дело патриотизам, а не со злоупотреба на 700 милиони евра за лично профитирање на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преку скандалозни проекти како Скопје 2014”, рече потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска- Сројчевска на вечерашната трибина ,,Повеќе за сите”, која се одржа во Битола.
Костадиновска-Стојчевска пред своите сограѓани кажа дека СДСМ го слуша гласот на народот и затоа денес гордо социјалдемократите зборуваат за успешни политики и за резултати.
,,Повеќе за сите СДСМ има и во областа на културата. Повисоки плати на уметниците и културните работници, К-15 по прв пат добија во пари. Повеќе за сите е и заштитата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет”, додаде Костадиновска-Стојчевска.
За предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во општина Битола, Костадиновска-Стојчеваска рече дека
лошото менаџирање и трошење на народните пари од страна на локалната власт, ја чувствуваат и битолчани.
,,Скоро 70 милиони евра потрошени, без реални и видливи проекти во Битола. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ нѐ критукуваат како Влада од друга страна потпишуваат договори во Владата за поддршка на општините за реализација на капитални проекти, како што вчера потпиша и градоначалникот на општина Битола за реконструкција на улица во Горно Оризари”, посочи потпретседателката на СДСМ, нагласувајќи дека на следните избори ќе биде ставен крај на агонијата и на блокадите на опозицијата со сигурна и убедлива двојна победа на СДСМ.