Соопштение за јавност
Анти НАТО Мицкоски денеска потврди дека е дел од оние што сакаат да го поткопаат Доворот од Преспа, да ги закочат ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија.
Толку ниско падна антизападниот Мицкоски што процесите за членство во ЕУ и НАТО во Собранието ги прогласи за фарса. Во истиот ден кога од стратешкиот партнер на Македонија, САД, пристигна потврда за напредокот на земјава, за значењето на Договорот од Преспа и охрабрувањето за заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО и ЕУ.
Анти НАТО Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да бегаат од дебата но членство на Македонија во НАТО и ЕУ нема да биде спречено.
Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.
Македонија и нејзините граѓани одат напред, кон иднина во ЕУ и НАТО.
Скопје, 18.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА