Соопштение за јавност
Со СДСМ секој добива повеќе, само со последниот деветти пакет антикризни мерки за граѓаните, младите, пензионерите, ранливите, кон компаниите се насочуваат 662 милиони евра.
За унапредување на ученичкиот стандард за младите од семејства со месечни примања до 50.000 денари е обезбедена финансиска поддршка.
Во наредните шест месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик.
Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно, односно вкупно 7.200 денари, по ученик, до крајот на училишната година.
Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.
Со СДСМ има повеќе за младите, повеќе за сите граѓани.