fbpx

Анти НАТО Мицкоски е дел од оние кои сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО и ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заглавен во црнилата на Никола Греувски, Христијан анти НАТО Мицкоски работи спротивно на интересите на граѓаните и на Република Македонија.

Токму на денот кога од стратешкиот партнер на Македонија, САД, стигнуваат пофалби за досегашниот напредок на земјава, за евро-атланскиот интеграциски процес, кога стигнуваат охрабрувачки пораки за членството во НАТО и започнување на прегвори за членство во ЕУ, Мицкоски најавува нова, неоснована интерпелација.

Очигледно е, анти ЕУ Мицкоски е дел од оние кои сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа, кои свесно работат против процесот за полноправно членство во ЕУ и НАТО, против врвните национални и државни интереси, против граѓаните.

Мицкоски нуди само деструкции, црнила, блокади и одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски.

Залудни се обидите на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани барања за интерпелација и преку протести за одбрана на криминалот, да ја закочат иднината, нема да успеат.

Македонија и нејзините граѓани ја победија деструктивната матрица на Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО и нема враќање назад во црното минато.

 

Скопје, 18.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести