fbpx

Ковачевски: Глас за СДСМ и проевропската коалиција е глас за поголеми плати, пензии и полноправно членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Глас за СДСМ и проевропската коалиција е глас за поголеми плати и пензии, економски напредок и полноправно членство во ЕУ, заедно ќе ги поразиме блокадите, одиме на двојна победа на претседателските а потоа и на парламентарните избори, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина Повеќе за сите во Неготино.

– Со ДПМНЕ има помалку за граѓаните а има помалку и за државата. Најлошо е тоа што со ДПМНЕ нема иднина. Оваа партија ја загуби својата идеолошка ориентација и од прозападна стана антизападна партија, против НАТО и ЕУ. Јавно на телевизија, Мицкоски самиот потврди дека со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години. ДПМНЕ е единствената партија којашто во Извештај на Европската комисија со име и презиме е наведена како кочничар на европскиот пат и реформите, рече Ковачевски.

Ние многу добро знаеме што значи ДПМНЕ, 11 години бевме заглавени, далеку од членството во НАТО, далеку од ЕУ. Загубивме 11 години, а младите се иселуваа и работеа по европските земји по ресторани. Имаме обврска пред сегашните а уште повеќе кон идните генерации и тоа не смееме да го дозволиме повторно, потенцираше претседателот на СДСМ во обраќањето.

-Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација и ние сме тука заедно да го обезбедиме членството во ЕУ.

Затоа блокадите мора да бидат поразени и ќе ги поразиме. Заедно ќе ја однесе земјата во Европската Унија и заедно ќе ја обезбедиме европска иднина за нашите деца, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Неготино.

Последни вести