fbpx

Николовски : Годината ја почнавме со пониска цена на струјата за 5%, а во време на криза ја вративме и евтината тарифа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија. Годината ја почнавме со намалување на сметките за струја. 5% во првиот блок додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, рече членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски, во утринска програма на Слободен Печат.

Во време на светска и економска криза ја вративме евтината тарифа, од 11 до 15 часот, и на овој начин веќе околу 11 часа дневно имаме евтина тарифа.

-Годината е започната со одлуки кои пред се во корист на стандардот на граѓаните. Поевтина струја за 5% во првиот блок. Ја вративме и евтината тарифа на струјата, во перодот помеѓу 13 и 15 часот. Севкупно во една недела имаме повеќе од 50% дневна евтина тарифа. Едно просечно семејство сега има заштета од 1.000 денари месечно, рече Николовски.

Николовски посочи дека сите активности, политики и мерки кои што се преземаат се во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Преку стабилизирање на цената на електричната енергија се усогласуваме со препораките на Европската комисија од која веќе добивме пофалби за успешно менаџирање а со обновливите извори на енергија имаме раст од 150% инсталиран капацитет.

-Имаме за 150% раст на инсталиран капацитет споредбено 2023 со 2022 година, со обновливи извори на енергија. Обновливите извори на енергија не треба само да ги гледаме како стабилизирање на цената на струјата, туку треба да ги гледаме како чист извор на енергија затоа што сме свесни за загаденоста на воздухот. Овие обвновливи извори на енергија влијаат на заштита на животната средина, рече Николовски.

Се она што е спроведено во делот на енергетиката дава резултати. Енергетиката и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат во фокус на СДСМ и во 2024 година.

Последни вести