fbpx

Мора има одговорност за аферите, градоначалниците на ДПМНЕ фатени со рацете во медот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мора да има одговорност за аферите за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ.

Градоначалниците на ДПМНЕ се фатени со рацете во моедот, со купување поскапи машини за неколкупати повисока цена над реалната.

Општина Битола набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра.

Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 42.000 евра.

Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.

Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.

Во чии џебови завршила разликата?

СДСМ уште еднаш ги повикува надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат, во врска со овие факти, кои се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Последни вести