fbpx

Средба Зечевиќ – Еванс: Продлабочување на соработката меѓу СДСМ и Лабуристичката партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска, во Лондон се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и генералниот секретар на Лабуристичката партија, Давид Еванс.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу СДСМ и Лабуристичката партија како две сестрински партии, членки на ПЕС (Партија на европски социјалисти) во пресрет на изборите во двете земји.

Лабуристичката партија силно ги поддржува прогресивните политики кои придонесуваат за економски и демократски развој, стратешките определби и рефромските процеси во земјава кои ги спроведува СДСМ.

-Благодарни сме за поддршката којашто Лабуристичката партија ја дава за концептот и политиките на СДСМ, тоа е многу значајно за нас. Заклучоците од оваа средба ги сметам како основа за продлабочување на соработката, за изнаоѓање на најдобрите модалитетите на помош и поддршка за време на кампањата, но и во иднина, како нов инпулс во односите меѓу двете сестрински партии, рече Зечевиќ.

Во рамки на меѓународните работните актвности, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски учествува и на состанокот на 50 генералнии секретари на членките на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Лондон, Велика Британија.

Последни вести