Соопштение за јавност
Мицкоски нема ниту план, ниту визија, со ДПМНЕ нема иднина.
Мицкоски јавно на телевизија рече дека со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години.
ДПМНЕ во извештај на Европската комисија е посочена како кочничар на реформите во македонското Собрание и напредокот.
Две години спроведуваа активна блокада, освен законите и европскиот пат на земјата го блокираат.
Но сето ова завршува после изборите на 8 ми мај.
Граѓаните ќе ја изберат најдобрата опција и земјата ќе продолжи по вистинскиот, по европскиот пат.
Членството во ЕУ е втората стратешка цел на државата по членството во НАТО, што ќе ја реализира новата проевропска Влада предводена од СДСМ.