Соопштение за јавност
Урнисан здравствен систем, понижени доктори и медицински персонал, погазени права на пациентите и лоши здравствени услуги, се само дел од последиците кои останаа по 11 годишно деструктивното и криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Повеќе од една деценија расипничкото раководство го потценуваше трудот на лекарите и ги погазуваше правата на пациентите само за да се остварат нечии криминални интереси.
Владата предводена од СДСМ го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.
Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, направен е одржлив план за изградба на нов клинички центар , а итната медицинска помош доби 12 нови возила.
Над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а се зголемија и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, се со цел поголема мотивација и достојни услови за работа.
Со предлог Буџетот за 2019 година , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.
Она што беше ветено, се остварува. Со мерките кои ги спроведува владата предводена од СДСМ, специјалистите добиваат плата повисока од 90 илјади денари , со тенденција до крајот на наредната година таа да биде 100 илјади денари, а се со цел вистинско вреднување на трудот на докторите и нивно задржување во јавното здравство.
Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поквалитетно здравството за пациентите, вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем.
Скопје, 22.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА