Соопштение за јавност
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес, парите од Буџетот се враќаат директно кај граѓаните.
Со предлог буџетот за 2019 година, изготвен од Владата предводена од СДСМ, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните.
Со реформата на системот за социјална заштита, се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија.
Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката.
Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање на нови подобро платени работни места.
Невработеноста дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари со што се очекува намалување на невработеноста на околу 20 отсто.
Ова е шанса и за ВМРО-ДПМНЕ да научи еден сегмент од економијата, како преку реални мерки парите од буџетот, се враќаат назад кај граѓаните.
Скопје, 20.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА