fbpx

ДПМНЕ не може да испорача решение, го заглавува издавањето пасоши

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ не може да испорача решение и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.

ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.

Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство доцни со реализацијата.

Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.

ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.

Наместо решение ДПМНЕ, создава дополнителен хаос.

Последни вести