fbpx

СДСМ изгради и обнови над 1510 километри пат, ДПМНЕ правеше споменици и стиропор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ е последната партија којшто може да говори за инфраструктура и инвестиции.

Тоа е партијата која спроведуваше криминални проекти како Скопје 2014 за богатење на поединци од белиот дворец.

Стиропор, жални врби и споменици не се инфраструктура.

Бројките и фактите покажуваат дека СДСМ изгради и обнови 1510 километри патна мрежа, во споредба со ДПМНЕ која за 11 години едвај 660 километри.

Најголемото ниво на капитални инвестиции во време на ДПМНЕ беше едвај 270 милиони евра, СДСМ веќе реализираше над 707 милиони евра капитални инвестиции.

Патишта, гасоводи, канализации, водоводи…

Автопатот Миладиновци – Штип кој беше со околу 50% прогрес кога ја превземавме власта во 2017 година го изгради СДСМ.
Се градат автопати на повеќе делници, Скопје-Блаце, Кичево – Охрид, а започнаа и нови, Тетово-Гостивар- Букојчани, Прилеп-Битола, Требеништа – Струга – Ќафасан.

Само за неколку години СДСМ изгради неколку нови експресни патишта, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, а во 2024 година завршуваме со изградба на уште два нови експресните патишта Ранковце-Крива Паланка и Градско кон Прилеп и оваа година и овие ќе бидат пуштени во употреба.

Коридорот 8 го вметнавме на главната мрежа на европски коридори и следува изградба и модернизација на целиот коридор 8 и коридорот 10д.

Со инвестиција од 70 милиони евра обновивме 180 локални улици во над 70 општини ширум државата.

Конечно започна градбата на најголемата инвестиција во железницата, новата пруга кон Бугарија вредна 750 милиони евра.

Од Битола до Кременица пругата исто така е завршена и пуштена во употреба во време на СДСМ.

Изградивме социјални згради во 9 општини и го решивме станбеното прашање на преку 300 семејства.

Нема сегмент во инфраструктурата во којшто ДПМНЕ може да се споредува, СДСМ напраевено неколкупати повеќе од ДПМНЕ и тоа се факти.

Последни вести