fbpx

Ковачевски: СДСМ води континуирана грижа за студентите, студентски оброк, 80% зголемени стипендии, реновирани студентски домови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

Тема на дискусија беа пакетите за антикризни мерки кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, субвенционираниот студентски оброк, кој е воведен од Владата предводена од СДСМ, решавање на предизвиците со кои се соочуваат при спроведувањето на овие мерки и дискусија за потенцијални подобрувања или идни иницијативи за понатамошно зајакнување на поддршката на студентите, како и споделување успешни приказни на студенти кои имаат корист од овие мерки, нагласувајќи како овие иницијативи позитивно влијаеле на нивниот академски и личен живот.

Претседателот Ковачевски го истакна своето задоволство да се биде дел од една навистина корисна и важна дебата со студентите во организација на Социјалдемократската младина на Македонија, каде што беа присутни студенти од сите градови во државата.

По завршување на панелот претседателот Ковачевски, во изјава за медиумите го пренесе своето видување за плодната дискусија: „Разговаравме и на теми кои не смеат да бидат табу теми во државата туку треба за нив да се разговара и кои што јас навистина бев среќен што беа поставени. Најпрвин споделивме во однос на мерки кои не постоеле во минатато, а кои денес ги имаме во нашиот образовен систем, пред се во делот на стандардот. Воведувањто на студентскиот оброк, за 28.000 студенти кој не постоеше во минатото, од 2020 година студентите добиваат 50 евра месечно за студентски оброк преку картички кои се како финансиски картички кои можат да ги искористат во угостителски објекти или кои што тргуваат со прехранбени производи токму за таа намена.
Потоа за зголемениот износ на стипендии за 80% во делот на додипломските студии како и за воведување на нови стипендии на додипломски и последипломски како и докторски студии, посебно за дефицитираните науки како што се математика, физика, хемија и во медицинските науки. Од минатата година и во делот на земјоделските науки кои што стипендии се веќе со износи до 18.000 денари за докторските студии или 9.000 денари за магистерски студии.”

Претседателот Ковачевски го спомна и договорот за комплетна реконструкција на сите 9 студентски домови во државата, проект вреден 25 милиони евра. Не само на оние кои се наоѓаат во Скопје, туку и во сите градови во државата.

Меѓу темите за кои било разговарано и кои треба да се адресираат, било и менталното здравје, со акцент на зголемената аксиозност, и тука претседателот Ковачевски ја истакна изготвенета стратегија за ментално здравје кај младите лица.

„Се сложивме заедно дека единствен начин и пат на државата е целосно интегрирање во ЕУ којашто ќе овозможи поголема мобилност, поголем пристап до можности за научно истражувачка, академска кариера во државата но и надвор размена на знаења, мобилност во зголемени ЕРАЗМУС проекти инт. Држава во која тие ќе можат да го гледаат својот личен и професионален развој како полноправна членка на ЕУ. ” заклучи Ковачевски по панел дискусијата „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

Последни вести