fbpx

Ковачевски: ДПМНЕ нема никаков резултат зад себе, нивните градоначалници не направија ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гледаме дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето тоа е истата партија од минатото не се померени ниту милиметар, партија која нема што да им понуди на граѓаните, нема резултат зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва при отворање на промотивен штаб во Бутел.

-Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години се веќе на фунцкија. Идната година се веќе и локални избори. Заврши ВМРО-ДПМНЕ веќе и во Бутел, сега одам во Бутел, бев и пред неколку дена, прашина, ниту една направена улица, ниту едно посадено дрво, ништо нема, само празни зборови. Народот ги бира своите градоначалници, ама народот знае и да оцени, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ го потенцираше и примерот со хаосот што се случува во главниот град Скопје.

-Зборуваа ќе избереле градоначалници во Скопје и што добивме, имате јавен превоз, немате јавен превоз. Имате исчистени улици. Немате нови автобуси. Па каде им се електричните автобуси фабрика што ќе правеле, ни тоа нема. Па две години поминаа каде се училиштата, има некој парк нов направен и тоа нема. Нема ништо, само празни зборови, рече Ковачевски.

За само 3 недели како се дел од техничката Влада граѓаните се потсетија, видоа што значи кога ДПМНЕ е власт, како се тепаат полицајци, како се спречува полициска акција против дрога, видоа повторно тепачки во автобуси по етничка линија, е тоа видоа граѓаните за 3 недели кога ВМРО влезе во техничката влада, додаде тој.

-Појасно амин, нема посилна дистинкцијата меѓу 2 политички опции. Со ВМРО-ДПМНЕ нема европска иднина, нема добри односи со соседите и има нарушени меѓуетнички односи. А економијата наместо да напредува стагнира, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести