fbpx

Наместо аматерски скечеви пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните.

Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец.

Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ.

Наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни скечеви на границите, пратениците на ДПМНЕ нека ги вратат дипломатските пасоши и нека го повикаат нивниот министер да си ја работи работата.

Последни вести