Соопштение за јавност
Во пресрет на Конгресот, во недела, еден вид конвенција на која ќе го промовираме нашиот претседателски кандидат, актуелниот претседател Стево Пендаровски, вчера имавме седница на ИО на која ја потврдивме нашата заложба да продолжиме по европскиот пат, по кој ќе не води Стево Пендаровски, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Алсат телевизија.
Лукаревска нагласи дека по конгресот следува процедурата за собирање на потписи, за да се официјализира кандидатурата.
Секако очекуваме победник на овие избори да биде господинот Стево Пендаровски, нагласи Лукаревска, додавајќи дека Пендаровски навистина го оправда своето функционирање, го врати кредибилитетот на функцијата претседател на државата.
Лукаревска истакна дека Пендаровски ја има комплетната поддршка од СДСМ и од колаиционите партнери во рамките на колаицијата, но и поддршка и од невладиниот сектор, други различни целни групи.
Пендаровски е претседател на сите граѓани, така ќе продолжи и во неговиот следен мандат. Она што значи претседател кој ги има европските вредности, она што значи претседател којшто се борел подеднакво за сите граѓани, она што значи претседател политичар со интегритет е на страната на Стево Пендаровски. Неговата победа која што ја имаше на претходните избори, секако ќе биде соодветен ветер во грб и за овие престедателски избори. Немаше било какви негативности во неговото работење, напротив успеа да се постави како силна политичка фигура и во меѓунардониот фактор, знаеше да направи дистинкција помеѓу она што е добро за граѓаните и она што не е добро за граѓаните, да го задржи својот интегритет и авторитет, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Алсат телевизија.