Соопштение за јавност
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалноот и независно функционирање на институциите.
Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нивни приватни компании кадешто се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеаваа да добијат професонален однос и навремени услуги.
Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните.
Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност.
Со реформите, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 07.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА