fbpx

Тренчевска: Да продолжиме со ист ентузијазам, храброст, посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во организација на Форумот на Жени на СДСМ, Претседателката на форум на жени, Јованка Тренчевска го предводеше осмомартовскиот марш во Кавадарци. Оваа година маршот од над 6000 граѓани одбележува неколку важни настани, 8ми март Меѓународниот ден на жената, 25 години од постоењето на Форумот на жени и 80 години од формирањето на АФЖ во Македонија.

Продолжувајќи ја борбата на нашите другарки од АФЖ, борба за слобода, борба за образование, борба за право на глас на жената, денес слободно можеме да кажеме дека жената е активен креатор на политиките и демократските промени во општеството, истакна претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.

Тренчевска нагласи дека по 25 години непрекината работа на жената социјалдемократка резултатите се видливи, од 7 жени пред 25 години, сега имаме 51 жена во Парламентот, во Владината коалиција од вкупно 10 министри на СДСМ 5 се жени министерки.

-Нашиот успех се мери со степенот на подобрување на животот на жените! Успеавме да го зголемиме значително бројот на жени на одлучувачки позиции на централно и локално ниво. Денес зборуваме за 50/50 учество на жената во политиката. Отворивме и решивме бројни прашања кои беа табу тема во општеството. Гласно проговоривме за насилството врз жените, ја унапредивме состојбата со репродуктивното здравје на жената, се изборивме самостојно жената да одлучува за своето тело, да станува економски се понезависна, и да стане активен чинител во креирање на прогресивните политики во земјата, рече Тренчевска.

Тренчевска нагласи дека СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, од што најголем бенефит имаат жените работнички во текстилната и кожарската индустрија.

-Континуирано создававме услови за поголемо вклучување на жената на пазарот на труд преку изградба на нови градинки на цела територија на државата, за што зборува фактот дека во изминатите 6 години отворивме 83 нови градинки, и за прв пат во голем број на рурални средини, истакна Тренчевска, додавајќи дека многу е напарвено, но претстојат уште многу предизвици.

Повторно сме исправени пред предизвиците што ги носат ретроградните ветришта во Европа, регионот и глобално. Во периодот кој што доаѓа повторно треба да направиме избор. И затоа денес, во пресрет на 8ми Март, Меѓународниот ден на жената, од ова историско место испраќам порака, за обединување на сите жени без разлика на политичка, етничка или било каква припадност, да се обединиме и заеднички да ја продолжиме борбата. Да го зачуваме она што сме го постигнале и да продолжиме со ист ентузијазам, храброст, посветеност и да стасаме до нашата заедничка цел: потполна еднаквост на жените и мажите во општеството, порача претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, од осмомартовскиот марш во Кавадарци.

Последни вести