fbpx

Ковачевски: Одлуката на изборите е дали продолжуваме напред кон ЕУ или ќе се вртиме назад во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На претстојните претседателски и парламентарни избори имаме само една шанса да го избереме правецот на државата, дали ќе продолжиме напред кон ЕУ или ќе се вратиме назад во изолација, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на Конгресот на партијата којшто вечерва се одржува во Скопје.

-ДПМНЕ нуди само кризи, реваншизам и изолација, да бидеме заглавени нови изгубени години, статус-кво, без промени, без напредок, без иднина. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, рече Ковачевски.

Вечерва не носиме само формална одлука за изборот за нашиот претседателски кандидат, исто како што за две недели од сега, повторни ние, нема да носиме само формална одлука за нашите парламентарни кандидати и Програма, додаде Ковачевски.

-Ние вечер носиме крупна одлука, да продолжиме по зацртаниот пат, по автопатот на прогресот, по стратешките цели на Партијата и државата. Носиме одлука на кој начин, со кого, ќе се бориме, сите заедно, за да државата остане стабилна, одржлива, прогресивна, рече Ковачевски.

Покажавме дека социјалдемократијата е повеќе од идеологија, туку дека социјладемократијата е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет, потенцираше Ковачевски.

Се сретнавме со пандемија, а потоа и со војна не така далеку од нас, се сретнавме и живееме во економска и енергетска криза и одеднаш, сфативме дека не само што социјалдемократијата и нејзините вредности се живи, туку се и неопходни за државата и граѓаните, додаде тој.

-Социјалдемократските политики беа оние кои помогнаа земјата да се справи со сите предизвици кои ги донесоа овие кризи. Социјалдемократијата и СДСМ беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс. Солидарноста, еднаквоста и хуманоста, социјалната држава и правда се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, и овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27 Конгрес на СДСМ.

Последни вести