Соопштение за јавност
Соочени со сопствената изолација и фактот што јавноста ја дозна вистината за поврзаноста и шемите на Христијан Мицкоски со Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту што да каже на прес конференција.
Лажните вести и измислиците пласирани денеска покажуваат колку е голем очајот во антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите овие лаги се демантирани. Впрочем и самата компанија (Секе ДООЕЛ) уште во текот на вчерашниот ден, категорично демантираше било какви поврзаности со споменатиот бизнисмен од Русија, како и со Владата.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали.
Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
Ниту една измислица, ниту една мега лажна вест, не може да го покрие фактот дека во фирмата на Мицкоски, Енерготек, е и Димитар Димовски, левата рака на осомничениот Миле Јанакиевски, сега член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Заглавена во матрицата на Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно им пречат странските инвестции во земјава.
Зошто на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ му пречат странските инвестии во Македонија?
Скопје, 04.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА