Соопштение за јавност
Антизападното раководство ја профилира ВМРО ДПМНЕ како лидер во лажење и ширење лажни вести.
Трет ден антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски лаже и конструира непостоечки случај што беше јасно демантиран и од страна на компанијата што е спомената во прес конференциите на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема никаква поврзаност со споменатиот бизнисмен, ниту компанијата, ниту Владата.
Наместо да измислуваат непостоечки случаи, наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат која била причината за средбата на членот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски со десната рака на Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали.
Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
Заглавена во матрицата на Никола Груевски, на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно им пречат странските инвестиции во земјава.
Што има антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ против странските инвестиции во Македонија?
Скопје, 05.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА