Соопштение за јавност
Економска катастрофа беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од носителот на криминалот Никола Груевски, кога економијата се уништуваше, а граѓаните се осиромашуваа за да се оставрат криминалните апетити на Груевски и неговите соработници.
За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски, Владата предводена од СДСМ работи домаќински и одговорно управува со парите на граѓаните. Последен доказ за тоа е усвојувањето на Анекс договорот со компанијата Синохидро преку кој се решаваат проблемите со автопатот Кичево-Охрид и се заштедуваат 95 милиони евра од Буџетот на Република Македонија.
Очигледно е дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи одговорно, не може да се помири со успешните економски политики и затоа шири лажни вести.
Извештајот на Народната Банка на Република Македонија нотира дека последните проекции укажуваат на здрави и солидни основи на домашната економија, со потенцијал за солиден раст, поддржан и од кредитната активност на банките, како и интензивирање на економскиот раст во следните три години.
Преку одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ, успеа да го стави јавниот под контрола, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а каматните стапки за задолжувања се далеку пониски од каматните стапки од задолжувањата за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено, бројни економски параметри како растот на платите, порастот на извозот, потрошувачката и индустриското производство, рекордниот број на странски инвестиции, јасно покажуваат дека економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.