Соопштение за јавност
Спрегата помеѓу криминалите на Никола Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Хидро Мицкоски излегоа на виделина.
Пионот Мицкоски, преку неговата „Енерготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и државно земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски.
Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.
Димитар Димовски поседува земјиште во Берово од над 14 илјади квадратни метри, а негов прв сосед е токму Миле Јаниакиески кој има парцела од над 16 илјади квадратни метри.
Двете парцели, од вкупно над 30 илјади квадратни метри порано биле сопственот на Република Македонија.
Молкот од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие врските на актуелното антизападно раководство предводено од Хидро Мицкоски со Никола Груевски и неговиот соработник Јанакиески.
Се докажува дека актуелното антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и затоа тоа отворено работи против интеграција во ЕУ и НАТО.
Скопје, 01.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА