Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш потврди дека работи против граѓаните, против градење на фер општество, против зголемена поддршка за најранливите категории граѓани.
Зошто на врвот на ВМРО-ДПМНЕ му пречи праведно и фер оданочување кадешто оние што имаат најмногу ќе плаќаат повеќе од оние што имаат најмалку? Рамниот данок што го воведе владата предводена од Никола Груевски им дозволи на најбогатите да се богатат уште полесно, оставајќи го мнозинството граѓани на работ на сиромаштијата, да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот.
Нaместо тоа, праведниот данок оди во прилог на целата економија и на сите категории граѓани. Со воведувањето на прогресивното праведно оданочување, ќе бидат опфатени само еден отсто од најдоходвните граѓани, а истовремено во Буџетот ќе се слеат средства од 25 милиони евра, пари со кои ќе се финансираат мерки за намлување на сиромаштијата.
Што има антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ против зголемена социјална помош? Со средствата од фер оданочувањето, ќе се финансира мерката минимален загарантиран приход со која на примателите на социјална помош им се зголемува социјалната помош за 300%. Дополнително, се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.
Зошто на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ му пречи стабилен пензиски систем? Со минимална корекција на стапките на придонес за пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување за вкупно 0,5 процентни поени ќе се избегне зголемување на старосната граница, а ќе се стави под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% токму заради неодговорните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, продолжува законското усогласување на пензиите два пати во годината, а се воведува и социјална пензија.
Даночната реформа и пензиско-социјалната реформа е во фунцкија на остварување на заложбата за фер и праведно општество со намален економски јаз меѓу граѓаните и изградба на систем на социјална заштита што трајно ќе извлекува од сиромаштија. Колку и да е тоа неприфатливо за антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се гради како фер и еднакво општество на еднакви граѓани.
Скопје, 03.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА