fbpx

Македонија оди напред кон ЕУ и НАТО, антизапдниот Мицкоски да одговори како добил согласност за хидроцентралите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство предводено од Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е без политички компас, во тотална конфузија и нема јасен правец на политичко делување.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион на Груевски, треба да одговорат за документите од Службен весник за тоа како компанијата Енерготек ДОО Скопје, во која удел има Мицкоски, од Владата на Груевски добива концесии за користење на вода за производство на електрична енергија на реката Брегалница и на Клепалска река.

Дали антизапдниот и антинародниот Мицкоски знаел однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа наменски формирал фирма, а потоа и конзорциум?

Мицкоски треба да одговори на овие прашања наместо да се обидува преку празни прес конференции да ја оспорува волјата на граѓаните.

Мнозинството граѓани кои излегоа на референдумот јасно порачаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО. Огромно мнозинство пратеници ја следеа волјата на граѓаните и во Собранието го отворија процесот што води во ЕУ и НАТО.

Ова е уште една причина, преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат погубните политики на Груевски и неговиот пион Мицкоски и да се приклучат на процесот во Собранието што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

Скопје, 27.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести